Зоран Трифуновски именуван за в.д. директор на „Железници-инфраструктура“, по оставката на Хари Локвенец

by Fokus

Зоран Трифуновски е именуван за вршител на должноста директор на  ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје на денешната седница на Владата.

Тој е именуван на оваа функција откако досегашниот директор Хари Локвенец поднесе оставка од лични причини.

„Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски“, соопшти Владата.

Локвенец беше на функцијата директор на ЈП Железници на РСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.

Поврзани новости