428
Македонската амбасада во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун и добиле потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти две маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Македонија, соопшти МНР по информацијата за убиството на Халкидики.
-Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, велат од МНР.
Сепак од таму не го соопштуваат идентитетот на убиениот.