Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на инцидентот со сквернавењето на македонското знаме

by Fokus

Јавното обвинителство соопшти дека презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Вчера во Скопје, Тетово, Куманово и други градови каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, го прославуваа Денот на албанското знаме. Сликата од синоќа беше автомобили со развеани знамиња, свирежи, пукотници од огнени оружја и инцидент – во кој еден од присутните го искина македонското знаме. видеото од инцидентот веднаш се прошири на социјалните мрежи и предизвика низа реакции.

Поврзани новости