Јавното обвинителство одби да го гони Миленко Неделковски за ширење говор на омраза

by Фокус

Јавното обвинителство донесе одлука да го одбие нашето барање за кривично гонење на Миленко Неделковски за ширење омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните, информираа денеска на прес конференција Здружението на новинари (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

-На наше големо изненадување обвинителката Јасмина Костевска Здравевска го одби барањето како неосновано. Таа смета дека Неделковски само искажал негови ставови, не поттикнувал омраза, дискриминација и насилство врз основа на национално потекло или верско убедување. Обвинителката цени дека пријавениот со своите постови не ја загрозил сигурноста на новинарите, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

ЗНМ и ССНМ веќе ја обжалиле оваа одлука на Јавното обвинителство до Вишото јавно обвинтелство и се надеваат дека тоа објективно ќе ја процени ситуацијата и ќе отвори предмет против Неделковски за ширење омраза и упатени закани.

 

Поврзани новости