Јавноста исклучена од судењето за Саздовски, се гледаат снимки од препознавање

by fokus

На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски во Кривичниот суд се репродуцираат видео материјали од процесот на препознавање на сторителите на кривичното дело.

Пред изведување на видео снимката судијката Даниела Алексовска ја исклучи јавноста, со оглед дека станува збор за препознавање од малолетно лице.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и изведување на материјални докази предложени од Обвинителството. На почетокот на рочиштето Обвинителството го повлече од листата на предложени докази предлогот да биде изведена видео снимка од системот „безбеден град“ .

Како материјални докази предложени се и вештачења и фотографии на автомобилот на обвинетите, потврди од одземени предмети и анализи, фотографии, психијатриски вештачења, лекарски извештаи и извештаи и записници од МВР.

Судот по сослушување одлучи и го одби како неоснован во оваа фаза на постапката, предлогот на адвокатот на семејството на Саздовски за изведување докази со ПИ мерки, односно за форензичко вештачење на компјутерите на сега починатиот Никола Саздовски и обвинетите, како и пребарување на нивната фејсбук и електронската комуникација.

Следното рочиште за предметот е закажано за 21 јануари 2019 година, кога најверојатно ќе се врши реконструкција.

За убиството на Никола Саздвоски обвинети се три лице, од кои Бесир Беља и Скендер Демири се во притвор во затворот Шутка во Скопје, а третообвинетиот Ј. Љ. (19) е во бегство. Според обвинителниот акт Беља и Дамири, заедно со Ј. Љ. на 29 јуни годинава крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поврзани новости