Јавноста и денеска нема да ја види целата снимка за Поткуп, обвинителство бара да ја добие одлуката на писмено

by Fokus

Снимката обезбедена со пим мерка, која како доказ се користи во случајот Поткуп во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, денеска нема да се гледа во судница, иако така беше одлучено на претходното рочиште.

Судијата Дарко Тодоровски појасни дека судот донел решение снимката да се презентира пред јавноста, но во меѓувреме обвинителството кое се противеше, побарало оваа одлука да ја добие на писмено за да може да се жали пред повисокиот суд.

Затоа ке мора да се почека одлуката по поднесената жалба.

На денешното рочиште ќе сведочи бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, кој до сега тврдеше дека Заев му барал поткуп додека бил градоначалник на Струмица.

В.В.

Поврзани новости