Јавноста го расипа планот за договор со Бугарија, тврди Николоски

by Фокус

Македонската влада нема црвени линии кон Бугарија и изгласаната резолуција во македонското Собрание ја прекршила над 10 пати, вели потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Планот бил следен, едниственото барање кое што го имале од Владата на СДСМ и ДУИ било веднаш да има меѓувладина конференција со цел да можат да создадат еуфорија во Македонија дека почнуваат преговори, а содржината на останатото не ги интересирало. И затоа Бугарите вешто го искористија да ги стават сите свои позиции. Да се создаде една еуфорија во Македонија дека почнуваат преговори и со помош на таа еуфорија во јавноста да се создаде притисок за промена на Уставот, но и јавноста да не чита што има внатре – рече Николоски.

Услов за ова да се случи, додаде тој, било во Бугарија работата да помине за два дена.

-Но, во Бугарија работата не помина за два дена, туку фатија десет дена. А, во меѓувреме македонската јавност виде за што се работи и се сензибилираше, и се случија протести на граѓаните, силни реакции на експертската јавност што многу и пречеше на претставниците на власта. И поради тоа немаа никаков друг избор од власта освен во услови кога во Бугарија немаше донесена одлука, да кажат НЕ – појасни Николоски.

Поврзани новости