Јавното обвинителство соопшти дека Основното јавно обвинителство Струга донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – nеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, пак, поведе истражна постапка против 34-годишен тетовец за истото кривично дело, бидејќи во подрумот на зграда во населбата Чешел држел вкупно 30 пакувања наркотична дрога марихуана со различна грамажа и со вкупна нето маса од 20,32 грама“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека за двајцата осомничени до надлежните судови се поднесени предлози за определување мерка притвор, кои се прифатени и на лицата им се определени бараните притворски мерки.