Министерството за здравство денеска информираше дека именувани се нови директори во повеќе јавни здравствени установи.
На општата болница во Куманово за нова директорка е поставена д-р Снежана Захаријева, на Универзитетската клиника за хематологија е д-р Ирина Пановска, на Здравствен дом Дебар е д-р Јетлум Пашоли, на универзитетската клиника за радиологија е д-р Елизабета Стојовска Јовановска, на Градската општа болница „8 Септември“ е Д-р Кристијан Костов, на Универзитетската клиника за урологија е д-р Сашо Дохчев, додека на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија е д-р Калина Гривчева Старделова.
Како директорка на Јавната здравствена установа Железничар е поставена д-р Маријана Данич, на Стоматологија е Агим Караји, на Заводот за Нефрологија – Струга е Сами Мена, на Центарот за јавно здравје ТОАРИЛУЦ е Илир Хасани, на Центарот за јавно здравје Куманово е Ариф Љатифи, на Општата болница во Гевгелија е д-р Митко Кржев, на Психијатриска болница Негорци: д-р Луба Цилкова, на Општата болница Охрид е д-р Славица Малеска Стојадиновиќ, додека на Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација од кардиоваскуларни болести „Свети Стефан“ е д-р Гордана Донеска.
Директор на ЈЗО Св. Еразмо Охрид е Д-р Ацо Велески, на Психијатриска болница Демир Хисар е д-р Татјана Лозановска, на Завод за рехабилитација на слух говор и глас е д-р Силвана Филипова, на Здравствен дом Струга е д-р Андон Ложанкоски, на Здравствен дом Вевчани е д-р Јован Стојковски, на Здравствен дом Демир Хисар е д-р Маргарета Станојоска Калевска, на Здравствен дом Берово е д-р Тодорчо Кацарски, а на Здравствен дом Велес поставен е д-р Николче Димовски.
На директорската фунцкија во Здравствен дом Делчево е именувана д-р Мара Глигоровска, на Здравствен дом Кочани е д-р Лолита Андоновска, на Здравствен дом Маврово Ростуше е Д-р Омер Дервиши, на Здравствен дом Свети Николе е д-р Славица Панева, Здравствен дом Штип е д-р Снежана Манасијевска Трајковска, а на Здравствен дом Скопје поставен е д-р Злате Махмедовиќ.
Како нова директорка на Центарот за јавно здравје Битола именувана е д-р Елизабета Крстевска, на Центарот за јавно здравје Прилеп е д-р Драгица Николовска, на Центарот за јавно здравје Струмица е Д-р Петре Витанов, на Центарот за јавно здравје Охрид е д-р Сашо Точко, на Центарот за јавно здравје Велес е д-р Тони Димитриев, на Центарот за јавно здравје Кочани е д-р Магдалена Манасиева, додека на Центарот за јавно здравје Штип е д-р Марија Димитрова.
Нов директор на Универзитетската клиника за ендокринологија е д-р Саша Јовановска Мисевска, на Универзитетската клиника за Гинекологија е д-р Викторија Јовановска, на Психијатриска Болница Бардовци е д-р Виктор Исјановски, на Клиничка Биохемија е Сефедин Билали, на Геронтолошки завод е д-р Елена Костова, на Универзитетскта клиника за неврологија е д-р Иван Барбов, на Универзитетската клиника за инфективни и фебрилни болести е д-р Милена Сефановиќ, и на ЈЗУ Дерматовенерологија е д-р Нина Цаца-Билјановска.