645
Иако првично беше најавено дека до утре ќе трае мерката за ситуацијата со корона вирусот во европските земји, министерот Филипче порача дека истата ќе биде продолжена за уште една седмица.
Причина за тоа, како што рече Филипче, е зголемениот број на заболени лица во Европа, каде најкритично е во Италија.
Јавните собири ќе бидат одложени за до нареден петок, а спортските натпревари ќе се одржат без публика.