Пецаков се пожали дека Охрид е заглавен во долг од 22 милиони евра!

by fokus

Општина Охрид заедно со јавните претпријатија должи 22 милиони евра, открива градоначалникот д-р Кирил Пецаков. Според него, во 2018 година јавните претпријатија во општината имале плус средства на сметките, додека пак сега сите заедно должеле околу осум милиони евра.

-Моја лична определба е да градиме Локална Самоуправа базирана на доверба со граѓаните, која ќе биде нивни сервис, затоа сакам да ги споделам фактите со граѓаните на Охрид за тоа во каква финансиска состојба ја затекнав општинската каса.

Вкупниот долг кој Општина Охрид го има изнесува 856 831 830 денари.
Вкупниот долг на јавните претпријатија кои се под Локалната Самоуправа изнесува 497 600 819 денари.

Кумулативно долгот на сите општински јавни претпријатија плус долгот на Општина Охрид изнесува 1 354 432 649 денари или околу 22 милиони евра – информира д-р Пецаков.

Вики Клинчарова

Поврзани новости