Јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред

by Fokus

Автобусите од јавниот превоз во Скопје в понеделник, 24 октомври, ќе сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, со тоа што од  17 – 17.30 часот е последно возење од долу нагоре, а во 17.45 часот е последно возење од горе надолу, информира ЈСП.

Поврзани новости