748
Поради загадениот воздух, од вечерва во 18 часот јавниот превоз во Скопје и во приватните и во јавните автобуси е бесплатен. Како што соопштија од Град Скопје, прогласени се неколку мерки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Освен бесплатниот јавен превоз, се јакнат и инспекциите, се ограничуваат градежните работи, ќе се воведе поинтезивна контрола на градилиштата.
Автошколите ќе работат редуцирано, а ќе се одложат или откажат јавни настани на отворено. Овие мерки ќе бидат во сила сè додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.