Претпријатијата кои биле предмет на набљудување од страна на Центрарот за граѓани комуникации потрошиле вкупно 247 милиони евра на тендери во 2019 година, што е 27 отсто од вкупните јавни набавки во земјата. Според истражувањето на ЦГК, оваа група на 37 јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга е значително под националниот просек кога станува збор за конкуренцијата во јавните набавки.
Инаку, просечниот број на добиени понуди во мониторираниот пример на тендери на таргетираните претпријатија изнесува 2,5 понуди на тендер, што е значително под националниот просек во 2019 година, којшто според податоците добиени од Бирото за јавни набавки, изнесува 3,3 понуди по постапка. Односно, во 40 отсто од тендерите се јавил само еден понудувач, во 22 отсто имало двајца понудувачи, а само во 38 отсто имало три или повеќе понуди.
Но, ризик од корупција и нерационално трошење на јавните средства не се препознава само кога има мал број на понуди, туку и кога оној што набавува често ги поништува тендерите, велат од ЦГК. Во групата истражувани јавни претпријатија, осум имаат повисок процент на поништени тендери отколку националниот просек.