ЈП Комунална хигиена – Скопје почнува кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот, што резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина.
Претпријатието соопшти дека личности од домашната јавна и политичка сцена упатија пораки за совесно постапување со отпадот и ги информираа граѓаните за можноста бесплатно да го депонираат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.
Пораки кои може да се видат на јутјуб каналот снимија Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Градот Скопје, Енвер Маличи, заменик-градоначалник на Градот Скопје, Билјана Секуловска-Габер, советничка во Советот на Градот Скопје, Шабан Трстена, олимписки шампион во борење и Јелена Жугич, актерка и советничка во Советот на Градот Скопје.