Јавни дискусии за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ во рамки на фестивалите Македокс и Струшки вечери на поезијата

by fokus

Канцеларија на Креативна Европа – Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм  „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивали се поддржани од Програмата Креативна Европа.

Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на  актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми на Креативна Европа – Култура и МЕДИА. Ќе се дискутира за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“, за препораките за Програмата по 2020 година, ќе се дискутира среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе се презентираат информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, ќе се презентираат модели за барање на партнери и др.

 

Поврзани новости