538
Во Врховниот суд денеска продолжува јавната седница за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Претходно, јавната седница се одложи, бидејќи, како што беше кажано, полицијата не можела да спроведе еден од осудените до судот. Од Судот не прецизираа кој од осудените не бил донесен на јавната седница и од кои причини.
Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро.