505
Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Министерството ги повика сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата, велат оттаму.
Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена.