Јавен обвинител направи увид на местото каде што беше искасано детето

by fokus

Јавен обвинител извршил увид на местото каде што осумгодишно дете беше до смрт искасано од кучето на соседите во Пинтија.

-Јавен обвинител изврши увид на лице место, издадена е наредба за обдукција, се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, кусо соопштија од Обвинителството.

Детето влегло во дворот на соседите со кои биле во добри односи, кога кучето го нападнало. Искрварило на пат кон болница од повредите на вратот и главата.

Поврзани новости