1.6K
Лицето од Кавадарци, кое најверојатно е позитивно на корона вирусот е јавен функционер на локално нивно, односно во Јавното претпријатие „Македонски шуми„, дознава „Фокус“.
Според нашите информации, тој подолго време покажувал симптоми на заразниот вирус, па бил лекуван во домашни услови.
Неговата сопруга, која е началник на Oдделение во болницата во Кавадарци, исто така се проверува дали ја добила инфекцијата.
Заразниот вирус кај јавниот функционер бил потврден во приватната болница „Жан Митрев“. Ова е прв случај на корона вирус во Кавадарци.
В.С.