Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека стигнала покана до нивната партија за присуство на конвенцијата на партијата „Нова алтернатива“ на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска но одлучиле да не и даваат легитиметет на како што ја нарече оваа „јастреб“ партија.
Според него, целта на власта и на сите оние кои не сакаат да го видат силно ВМРО е да формираат такви јастреб партии за да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ при формирањето на идната влада, што според Мицкоски не е сигурно.
Тој не очекува партијата на Арсовска да направи позначаен резултат од освојување на неколку стотини гласови во различни изборни единици.
-Нема потенцијал за нешто повеќе. Евентуално ако влезе во коалиција со други политички партии. Во последно време, во Град Скопје, е јасно изразена коалицијата Гром – Нова Алтернатива – ДУИ и СДСМ. И Левица, да не ја заборавиме, изјави Мицкоски.
-Луѓето кои ме познаваат, знаат дека јас не се плашам, само од Господ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, како одговор на прашањето „дали повеќе се плаши од Груевски да му наштети преку Данела Арсовска или од самата Арсовска.
-Од ништо друго не се плашам, рече Мицкоски.
Мицкоски за случајот со ЈСП Скопје рече дека пред Нова година биле изгласани субвенции за ноемвриската и за декемвриската плата, но прашува зошто не е исплатена декемвриската плата.
-Зошто сега ги манипулираме да се исплати декемвриската плата? – Во времето на Коце Трајановски, максимум субвенции што биле исплаќани се 150 милиони денари, во времето на Петре Шилегов – 350 милиони денари. Во 2023 година се исплатени 700 милиони денари субвенции, рече Мицкоски.