121
Во државата ќе има редовни избори после 17 години рече премиер Димитар Ковачевски во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1.
-На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Северна Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на Република Северна Македонија и Влада со кои што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, рече Ковачевски.
Тој нагласи дека во следниот мандат ќе биде влезот во ЕУ, до 2028 година.