И канидидатот за претседател од ГРОМ, Стевче Јакимовски на фејсбук реагираше на изјавата на Христијан Мицкоски.
Јакимовски пак, вели дека никогаш не се кандидирал за да попречи на кого било и порача дека ѝ посакува успех на Силјановска-Давкова.
„Јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика. Јас не сум ад хок политичар и не прифаќам споредни улоги туку главни улоги.
Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеа и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти зошто секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил“, напиша Јакимовски.