Јас не сум тој што треба да седи пред вас, вели Јанакиески

by Fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакески на денешното судско рочиште во завршните зборови се осврна и на тоа зошто смета дека Судечкиот совет треба да донесе ослободителна пресуда.

„За моето инволвирање како обвинет во настаните од 27 април првпат слушнав кога бев во притвор, прочитав во весникот Вечер, а тоа е ден по изјавата на Александар Василевски – Нинџа во месец декември 2018 година. Кон крајот на 2018 година, Апелациониот суд утврди мерката притвор да ми се замени со мерка куќен притвор и така бев во куќен притвор сè до 20.2.2019 година, кога повторно ми се определи мерка притвор за овој предмет т.е. за наводен организатор за настаните од 27 април. Значи, јас бев во притвор за околности кои обвинителката, сега, по завршните зборови, во изјава за медиумите истакна дека немала докази-посочи Јанакески.

Тој вели дека главното прашање кое се поставува е „дали за овие 2,5 години слушнавте од Обвинителството, еве го доказот против Миле Јанакиески, еве го доказот дека Миле Јанакиевски ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар?

Ниту вие, ниту јас, ниту моите бранители, ниту јавноста не слушна ниту виде.

Јанакиески потсети дека се правеле манипулации и се зборуваше од страна на Обвинителството дека „Миле ги координирал комитетите за масовност на протестите “.

„И одеднаш, по скоро 2 години судски рочишта, на крајот од постапката – тој дел исчезнува. Излегува обвинителката и кажува: „Немаме докази“.

Па оттука се прикажува нова приказна:

„Миле ги организираше пратениците и протестите“. Е како е тоа направено? Се јавила Канческа-Милевска и барала свирчиња. Добро, и? Со свирчиња ли ги викна некој присутните пред Жена парк кои го извршија актот на насилство да влезат во Собрание?-праша Јанакиески во судот.

Поврзани новости