843
Тајните непријатели стануваат јавни непријатели едноставно повеќе ниту ГРОМ ниту јас не можеме да го толерираме ова што го прави Христијан Мицкоски , вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во „Студио 10“.
-Мицкоски може да каже зошто не сме се слушнале одамна. Затоа има насушна потреба да лаже јас не можам да соработувам со луѓе кои лажат, ние сме возрасни луѓе.Тој дел од мозокот, тоа парче од мозокот не ми функционира така, не можам да разберам како луѓе на такви позиции со такви академски титули се служат со лаги, вели Јакимовски.