ЈАС НЕ ЈА СМЕНИВ ЗГРАДАТА, ГО СМЕНИВ КАДАРОТ И ТАКА ЈА СОЗДАДОВ КОМОРАТА НА ИДНИНАТА

by fokus

Мега интервју на Претседателот Бранко Азески, во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија што ќе излезе деновиве.

Претседателот Азески говори за тоа, дали ќе опстои македонската држава. Вели, „Сигурно ќе опстои. И веројатно тоа е главната причина за нашето заостанување во развојот и слабата активност бидејќи човек кој има алтернатива да друг му ги решава работите не пружа максимум во она што треба сам да го прави. Ако 90% од интелектуалците во една држава викаат дека работите ќе ги реши „калето“, тоа е тежок пораз на самиот себе, затоа што ти однапред си решил да не се трудиш.“

На прашањето каде згрешивме, претседателот на Стопанската комора вели „Да мислиш дека не си згрешил е состојба во која ти нема помош. И јас не можам со сигурност да кажам дали грешиме во моментот но, за пред 30 години со сигурност може да се каже дека згрешивме во нашата неодлучност до крај како ќе се поставиме спрема распаѓањето на СФРЈ и предолго тактизиравме со што ја изгубивме предноста да влијаеме на процесите. Сигурно згрешивме и со тоа што на почетокот на градењето на сопствената држава не го повикавме целокупниот македонски човечки капитал во светот да дојде и да се вклучи во градењето на сопствената држава која што ја создадовме после 100-тици години и со огромен број жртви. И трето, со сигурност може да се каже дека згрешивме што не изградивме заедничка платформа за функционирање на државата обременета со разноразни поделби. Што значи ги продолживме делбите а не направивме ништо за да се сплотиме околу неколку фундаментални принципи.

Вели и дека големи грешки имаме и во оштествената надградба која треба да е сериозен коректив на власта. Аески вели, „Македонија мора да се сврти од

колективните кон поединечните спортови. Нашата структура на економијата која што треба да ги подржува тие проекти е слаба и неможе тоа да го издржи. Поединечните спортови со помали вложувања можат да доведат до повеќе ефекти. Примерот на Новак Ѓоковиќ го докажува тоа. Србија во фудбалот вложи милијарди а никогаш не доби ниту европска а камоли светска титула. Новак Ѓоковиќ со илјада пати помали вложувања на Србија и донесе голема афирмација“.

За културата како општествена вредност претседателот Азески со став, „Еден мал народ, кој претендира да влезе во 30-ет члено семејство како што е Европската Унија, он може таму да испорача само култура, а сигурно не производи со подобар квалитет од европските. Нашата држава има илјада годишна културна традиција и искуство и тоа е она што треба да го презентираме и за што треба да се гордееме. Затоа треба и повисок процент во Буџетот од тој што е моментално, бидејќи културните вредности културните добра немаат паричен израз, тие може да се бесценети. Колку повеќе вложуваш во културата, толку повеќе се издигнуваш над другите“.

Цел живот другарувам со новинарите и морам да кажам дека меѓу нив има врвни професионалци, посочува во интервјуот престедателот на најмоќната бизнис асоцијација,. Меѓутоа, вели медиумот како бизнис е заробеник на дневно политичките случувања, а со тоа и таквите професионалци го губат својот рејтинг. За мене е јасно дека тие мора да се силен коректив на власта, но, во моментов тоа не се. За нас се силен подржувач и неможам да се пожалам на соработката со нив“.

За улогата на невладин сектор во општеството, ќе рече, „Невладиниот сектор наместо коректив стана активен чинител на поделената држава. За другото не сакам да коментирам. Сите знаеме што е тоа „другото“.

Многу повеќе ќе прочитате во интервјуто во печатеното издание на „Економија и Бизнис“ …

ПР текст

Поврзани новости