Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека одлуката на Апелација за поништување на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудството.
-Исто така, сакам да истакнам дека јас како премиер или Владата ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во судската власт и судниците. Тоа не е место за политичка борба или за политички натпревар. На правосудниот систем е низ една транспаретна постапка им ги објасни на граѓаните одлуките кои што се носат и дополнително се работи во унапредување на работата за да зголеми довербата кај граѓаните за сите да бидеме еднакви пред Уставот.
Ние сме во постојана комуникација со европските партнери и САД. Поглавјето 23 беше дел од билатералниот скрининг, кој што се води во Брисел и тој скрининг во кој што ќе бидат вклучени правосудните органи, ќе постави многу прашања, на кои ќе се бара одговор“, рече Ковачевски.