ЈАР ослободува 19 илјади затвореници поради пандемијата на Ковид-19

by fokus

Јужноафриканската Република (ЈАР) условно ќе ослободи околу 12 проценти од затворениците во обид да го спречи ширењето на корона вирусот во затворите, соопшти претседателството на земјата.

Најмалку 172 затвореници и персонал се позитивни на Ковид-19, предизвикувајќи загриженост дека затворите може да станат жаришта за инфекцијата.

Во ЈАР најтешко погодена е провинцијата Источен Кап, со 102 позитивни и два смртни случаи.

Претседателот Сирил Рамафоса го одобри привременото ослободување на некои затвореници по повикот на Обединетите нации за намалување на затворската популација во светот за да се спречи ширењето на корона вирусот.

„Со Одлуката на претседателот во поправните установи може да бидат ослободени нешто помалку од 19.000 затвореници од вкупно 155 000 во поправни установи“, се вели во денешното соопштение од Кабинетот на претседателот.

Условно ќе бидат ослободени само затворениците со низок ризик и кои не се осудени за тешки кривични дела.

Поврзани новости