250
Секој десетти Јапонец има над 80 години, а речиси 30 отсто од 125 милиони жители на земјата се постари од 65 години, што е светски рекорд.
Во однос на процентот на луѓе постари од 65 години, Јапонија има најстарата популација во светот. Статистиката покажува 24,5 отсто, а во Финска таа е 23,6 отсто.
Постарите од 65 години ќе сочинуваат 34,8 отсто од населението во Јапонија до 2040 година, според пресметките на Националниот институт за истражување на населението.
Стапката на вработеност на старите лица во оваа земја е меѓу највисоките во богатите економии, па така работниците „65 плус“ сочинуваат повеќе од 13 проценти од работната сила.