Јапонскиот премиер го откажа патувањето, експертите го предупредија дека може да се случи мегаземјотрес

by Fokus

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето во странство откако експерти издадоа предупредување за „мегаземјотрес“ кој би можел да погоди некаде низ Јапонија, пишува The Guardian.

Ризикот од земјотрес во близина на јапонскиот брег на Тихиот Океан е зголемен по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што во четвртокот го погоди југозападниот дел на земјата.

Предупредувањето дојде неколку часа откако земјотресот ја погоди областа околу јужниот остров Кјушу. За среќа, овој земјотрес не предизвика поголеми штети.

Кишида требаше да присуствува на самитот со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан вечерва во казахстанскиот главен град Астана, а во понеделникот требаше да се сретне со монголскиот претседател во Улан Батор, јавува новинската агенција Кјодо.

Метеоролошката агенција соопшти дека „доколку се случи голем земјотрес во иднина, ќе се создадат силни потреси и големо цунами“.

Веројатноста за уште еден силен земјотрес е поголема од нормалната, но тоа не е показател дека сигурно ќе се случи голем земјотрес во одреден временски период“.

Во претходните земјотреси во коритото Нанкаи загинаа илјадници луѓе. Инаку, вакви мегаземјотреси се забележуваат на секои 90 до 200 години, а последниот во 1946 година.

 

Поврзани новости