579
Соочена со новиот сој на коронавирусот, Омикрон, Јапонија од утре ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида.
– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида.
Тој додаде дека целта е да се избегне најлошиот тек на настаните, и оти тоа е привремена мерка.
– Новите ограничувања се воведени три недели откако Јапонија укина дел од ограничувањата, дозволувајќи им на странски работници и студенти да влезат во земјата, како и на оние кои пристигнуваат на кратки деловни посети.
На Јапонците кои се враќаат од одредени земји ќе им биде до зволен влез во земјата, но ќе мора да бидат ставени во карантин, додаде премиeрот.