Јапонија ја потврди смртта на 10 лица од потонатиот брод

by Fokus

Јапонските власти ја потврдија смртта на 10 лица кои претходно беа пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо во областа на исчезнувањето на туристичкиот брод КАЗУ 1, кој испратил сигнал за потонување. Ова денеска го објави ТВ каналот NHK, повикувајќи се на извори од јапонската крајбрежна стража.

Претходно беше соопштено дека пронајдените лица се во бессознание.

На бродот имало 24 патници, меѓу кои и две деца, како и капетанот и неговиот помошник. Во потрагата по останатите 16 патници, кои најверојатно загинале во студените води со дневни температури од 2-3 степени, се вклучени крајбрежната стража и војската

Поврзани новости