Во Окружниот суд Нара денеска почнува судскиот процес против атентаторот на поранешниот долгогодишен јапонски премиер Шинзо Абе.
Судењето на 40-годишниот Јамагами, кој е обвинет за убиството на 67-годишниот Абе со рачно изработенa двоцевка на 8 јули минатата година, ќе биде затворено за јавноста и за медиумите.
Процесот требаше да започне во јуни годинава, но беше одложен со цел да се зголемат безбедносните мерки, бидејќи на адресата на Окружниот суд во Нара пристигна сомнителна кутија, која мораше да ја прегледа полициската екипа за отстранување на експлозивни направи.
Шинзо Абе, веројатно најважната личност во повоената политика на Јапонија и личност со најдолг стаж во историјата на земјата, беше застрелан на улица во градот Нара за време на говорот во кампањата што го одржа за да покаже поддршка за сопартискиот кандидат, локален кандидат за пратеник.
Абе двапати беше шеф на државата, вкупно девет години. Тој се повлече од премиерската функција во 2020 година, но како лидер на досега најголемата фракција на владејачката Либерално-демократска партија, тој остана највлијателниот политичар во земјата до неговата смрт.