Јапонија го одложи лансирањето ракета на Месечината поради силни ветрови

by Fokus

Јапонската Вселенска агенција го прекина денешното планирано лансирање ракета на првото јапонско вселенско летало на Месечината, а операторот „Митсибуши Хеви Инустрис“ како причина ги наведе силните ветрови.

Иако ракетата „H-IIA“, главниот јапонски систем за лансирање, има стапка на успешно лансирање од 98 отсто, ветровите во горниот дел од атмосферата принудија лансирањето да биде прекинато 27 минути пред предвиденото.

„Вететрите на надморска височина ја загрозија нашата граница за лансирање…која беше поставена за да се осигура дека нема влијание од остатоци што паѓаат надвор од претходно предупредените области“, рече шефот на единицата за лансирање Тацуру Токунага.

Силни ветрови со брзина од речиси 108 километри на час се забележани на 5.000 до 15.000 метри надморска височина, изјави шефот за безбедност на Јапонската агенција за воздушно истражување (ЈАХА), Мичио Каваками. Повеќекратните тајфуни низ Јапонија би можеле да влијаат на условите на ветерот, додаде тој.

Нов датум за лансирање не е одреден, но не се очекува да биде пред четврток, бидејќи следуваат неопходните процеси како што е горивото, рече Токунага.

MHI и JAXA посочија дека лансирањето може да се премести на 15 септември.

Ракетата требаше да биде лансирана во понеделник наутро од вселенскиот центар Танегашима на JAXA во јужна Јапонија. Лансирањето веќе двапати беше одложено од минатата недела поради лошите временски услови.

Поврзани новости