За оние кои не се сигурни што да спакувааат од гардеробата за одмор во Јапонија, ако летате со Јапoнија ерлајнс може да биде ништо, објави Си-Ен-Ен.
Јапонскиот авиопревозник почна едногодишно тестирање на услуга која им овозможува на патниците да резервираат комплет облека – што покрива различни стилови и годишни времиња – и да ја добијат во нивниот хотел по пристигнувањето. На крајот од престојот, облеката се враќа, се пере и се враќа во системот.
Услугата трае до крајот на август 2024 година и Јапонија ерлајнс изјавија дека може да ги намали емисиите на јаглерод со намалување на тежината што ја носат нејзините авиони.
Се проценува дека околу десет килограми заштедени во багажот се еднакви на околу 7,5 килограми заштедени во емисиите.
-Обожавам да патувам и сум бил во многу странски земји, но отсекогаш се плашев да влечам по багаж или да перам алишта во странство. Кога патувам, трите најважни работи за мене се сместувањето, храната и облеката. Кога патуваме во странство, има хотели и ресторани кои обезбедуваат сместување и храна на лице место, но не и облека. Зошто мораме да ја носиме облеката од дома?, вели Михо Морија, која дошола на идеја и управува со Any Wear, Anywhere, компанија која се занимава со резервации, испораки и перење на облеката.