Јапонец вчера бил приведен во ГТЦ, го нарушил јавниот ред и мир

by Fokus

Јапонец вчера бил приведен во ГТЦ, го нарушил јавниот ред и мир, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера во 16:50 часот во Трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.И.(37) од Јапонија, поради постоење основано сомнение дека го нарушил јавниот ред и мир по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Лицето било задржано во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Поврзани новости