Нема ден, а Заев да не се поврзе во нов скандал за криминал и корупција. Корупцијата на Заев се почесто ги надминува границите на Република Македонија, рече Игор Јанушев на денешната прес конференција.
-Како што објавија медиумите од соседството, Зоран Заев имал тајни средби со контроверзен бизнисмен од Либија за јавно приватно партнерство во областа на здравството, со што милиони евра народни пари би биле ставени во функција на сомнителен бизнис. Самиот факт што средбата била тајна, доволно говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев. Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк по која следеше скандалозниот предлог закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Шаукар Али Гафур.
Да биде скандалот уште поголем, како што наведуваат медиумите, зад оваа бизнис врска со Заев стои и поранешниот премиер на Малта, Јозеф Мускат, кој замина од власт поради контроверзиите со убиството на новинарка на Малта. Овој бизнисмен е познат по своите оф-шор компании и ист ваков неуспешен обид за јавно приватно партнерство имал и во Малта, за што постојат сомнежи за корупциски договори и перење пари поврзани со истиот овој либиски бизнисмен со неговите сомнителни инвестиции.
Дали Заев на тајната средба во 2018 година договарал сличен аранжман на Гафур и во македонското здравство?
Дали е сега јасно за каков вид на модел на јавно приватно партнерство инсистираат Заев и Филипче? Заев треба да одговори колку тајни средби имал со контроверзниот бизнисмен и што требало со јавното приватно партнерство да му се овозможи?
Очигледно, дека со Заев на власт Македонија се претвора само во „Ел Дорадо“ на сомнителни бизниси и преку јавно приватно партнерство се испумпуваат милиони евра од буџетот.
Какви биле условите и колку милиони евра требало да добие контроверзниот либиски бизнисмен од Зоран Заев?
Водени од искуството, логично прашуваме:
Кој е уделот на Заев или поточно на фирмите на Заеви во еден ваков вносен бизнис?
Дали Зоран Заев бил на прав пат да направи јавно приватно партнерство по принципот на „Глобал“, каде потсетуваме беше аболициран за штета од 8 милиони евра ?
Уште за колку сомнителни договори на Заев ќе дознава јавноста?
Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни Зоран Заев договарал бизнис зделки со сомнителни бизнисмени за коишто веќе постојат истраги во земји од Европската унија, истакна Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.