830
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот дуел со Љупчо Николовски ја обвини власта дека е неспособна да се справи со корона вирусот и дека задоцнила со мерките.
-Кажав дека во овој момент ова ќе го тргнеме ова на страна, но кога ова ќе помине, не значи дека некој нема да одговара. Свесни се дека задоцнија, тотоално ја утнаа работа. Убедливо најнеспособната влада, најнеспособните министри. Ако во изминативе три години сработија нешто, немаше да дојде до ова. Можеби ќе имаше по некој изолиран случај, смета Јанушев.