Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсмовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации, партијата која ја води неврохирургот на Заеви или како што во СДС го викаат малиот на Зоки, Венко Филипче, вака генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев го почна својот Фејсбук статус кој е реакција на обвинувањата на СДСМ за подарениот имот во вид на градежно земјиште во вредност од 325 илјади евра.
Јанушев е дециден дека не постои подарено земјиште, туку погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од негова страна.
-Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува, истакнува меѓу другото генсекот на Владата.
Јанушев тврди во СДСМ се исплашени бидејќи „работејќи од 12 до 16 часа на ден како генсек на Владата, дошол до фрапантни сознанија“.
-Ајде тоа што затекнавме празни канцеларии, без столчиња и услови за работа, туку ќе треба да одговарате и за милионите евра фрлени за софтвери кои не функционираат, за картички кои не работат, за машини за штампање на пластика и документи кои невообичаено се во посед на ГС, за набавка на клима уреди кои се несоодветни за тоа што е потребно, но важно критериумот набавувачот да е од Струмица е задоволен и ред други работи. Паразити кои ја оставија Владата со затворен главен влез затоа што 2 години не ги сервисирале скенерите и полесно им било да го затворат влезот, стои во долгиот ФБ-статус на Јанушев.