452
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на „Отворено 24“ на ТВ 24, ги демантираше информациите дека неговата партија ги поделила луѓето на предавници и патриоти.
„Ние во ниту еден момент не се оттргнавме од ставот дека Договорот од Преспа е капитулантски и неприфатлив за нас. Ако е тоа класификација на Договорот, тоа не значи дека ние ги делиме луѓето на предавници и патриоти“, рече Јанушев.