Јанушев смета дека рокот од 60 дена за избори е истечен и Џафери треба да одреди нов датум

by Fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска на прес-конференција излезе со различно толкување на изборните рокови, како и со став дека претседателот на Собранието Талат Џафери треба да донесе ново решение за датум за избори.

Тој смета дека рокот од 60 дена за избори од распуштање на Собранието е истечен, а Владата со уредбата не можела да го замрзне бидејќи рокот е пропишан во Уставот, а тој е над Уредбата.

„Многу е релевантно прашањето во однос на 60 дена рок за одржување на изборите од распуштањето на Собранието и мора да признаеме дефакто дека тој рок истече бидејќи Собранието се распушти на 16 февруари, 60 дена истекуваат негде на 16 април односно неколку дена после денот на кој што требаше да се одржат изборите. Се наоѓаме во една ситуација во која што поради вонредната состојба, поради криза со коронавирусот едноставно и поинаку не можеме да постапуваме“, вели Јанушев.

 

Поврзани новости