Јанушев: Пред десет дена Заев беше за задолжителен референдум, сега гледаме нешто друго

by fokus

Пред десетина дена Заев кажа и дека ќе прифати дека задолжителен референдум мора да има, сега гледаме нешто друго, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Отворено студио на Алфа телевизија.

-Гледаме дека во текот на часови, а не денови се менуваат позициите и ставовите на Заев, нешто многу пати видено до денес. Со договорот со Грција во повеќе наврати има прекршување на Уставот и е делувано спротивно законите. Со самиот акт на потпишување од страна на министерот за надворешни работи врз основа на овластување дадено од Владата на Република Македонија, самиот договор е ништовен бидејќи нема легитимација потписникот, бидејќи единствен кој може да потпише ваков тип на договор е претседателот на државата, вели Јанушев.

Поврзани новости