681
Игор Јанушев во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека едно е сигурно, а тоа е дека завршува политичката кариера на Зоран Заев.
-Политичката кариера на Заев на еден или друг начин завршува. Дали со оставките кои ги најави, или ако рететира само ќе го одложи процесот. Но, не е клучното дали Заев ќе се повлече или не. Многу е битно и што ќе се случи со заевизмот. Дури и во оние „мрачни, режимски“ времиња на ВМРО-ДПМНЕ бевме на подобри места во борбата против корупција. Главната борба е да се промени оваа власт. Борбата не е ВМРО-ДПМНЕ против Заев, туку народот против заевизмот, рече Јанушев.