Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на третиот ден од собраниската дебата за предлогот за уставен судија да биде избрана Добрила Кацарска истакна дека јавноста никако не добива одговор зошто токму таа е предложена за функцијата во институција која е чувар на уставноста и законитоста.
„Зошто токму Добрила Кацарска заслужува да биде избрана за уставен судија? На ова прашање ниту ние како пратеници, ниту јавноста не доби одговор. Зошто Киро Здравев, прв човек на Републичкиот судски совет, не дава ниту образложение, ниту информации за кандидатот? Господине Здравев, Вие одговарате во Собрание зашто во Собрание сте избран за таа функција. Се надевам дека грешам, но ќе кажам дека очекувам да нè удостоите со одговор, со информации и образоложение за предлогот за Кацарска“, рече Јанушев.