Јанушев: Овие избори се историски, да кажеме стоп за предавствата

by Фокус

Овие избори се историски за да ја направиме Македонија не само пристојно место за живеење, туку и место на кое што сите ние ќе бидеме горди, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој денеска заедно со уште неколку кандидати за пратеници во третата изборна единица беше во посета на Малешевијата.

-Ќе бидеме горди на идејата за независна и суверена Македонија и ќе кажеме стоп, доста е за сите предавства, за економската девастација, за проблемите на земјоделците, за проблемите во здравството, да ги направиме младите да бидат вистинска гордост на оваа држава – рече Јанушев.

Тој додаде дека кандидатите за пратеници на ДПМНЕ се угледни луѓе кои, како што вели, ќе покажат дека се поразлични од СДСМ.

Поврзани новости