Јанушев: Одговорно да се однесуваме кон своето здравје

by fokus

Во моментите кога пандемијата со Корона вирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Препораките се дека најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација. На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број на пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш. Од секој од нас зависи. Придржувајте се до препораките на епидемиолозите, ако морате да излезете – маска на лице, ракавици на раце и најважно, одговорно и мудро, затоа што секој живот вреди!, порача Јанушев.

Поврзани новости