Јанушев: Очекувам народот да ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 Игор Јанушев го оствари своето право на глас во избирачкото место во просториите на Општина Велес.

-Очекувам еден мирен ден, каде што огромен број од нашите гласачи ќе излезат и ќе го дадат својот глас. Очекувам еден убав ден во Р.Македонија кадешто народот дефинитивно ќе ја даде подршката на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Очекувам дека ќе се слави демократијата кадешто конечно ќе го отфрлиме овој криминално хибриден режим на Заев и СДСМ и мојата порака денеска до сите во Р.Македонија е да се излезе и да се гласа да се оствари своето демкратско право. Нормално дека очекуваме дека граѓаните во огромен број ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јанушев.

На новинарско прашање дали по изборите би останал во Парламентот или ќе оди во извршната власт Јанушев рече дека ќе победат и тоа според него е повеќе од очигледно.

-Дали би останал во Собранието или би продолжил во некое друго место се уште е прерано. Ние од ВМРО-ДПМНЕ како што покажавме и во изминатите две и пол години секогаш прво добро ги размислуваме работите потоа ги преземаме. Така што, првин чекор по чекор, првин да го привршиме овој ден како што треба па од утре натаму ќе има време за размислување и договарање. Секако со своето искуство и своите професионални капацитети јас сум пред се’ на располагање на државата и да помогнеме онаму каде што можеме, изјави Јанушев.

Поврзани новости