Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција обивини дека владата се расфрла со пари и набавува продукти кои не се потребни. Тој се повикува на документ од Бирото за јавни набавки и како што вели Владата преку Секторот за општи и заендички работи на 7 април набавила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи.
-Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари. Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно, вели Јанушев.
Според него, парите треба да бидат наменети за бонуси за медицинските лица, за набавки за заштитна опрема, а не за владина гозба.
– Веднаш да се раскине договорот и парите да се пренаменат за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал. Ова е само еден од низата примери на луксузирање додека народот гладува. Деновиве ќе обелодениме и други скандалозни набавки. Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат, порача тој.