Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на првата прес конференција по затворањето на гласачките места најави победа на неговата партија.
-Огромна благодарност до сите структури на ВМРО-ДПМНЕ кои се вложија за она што се слеудва малце подоцна. Македонија денес одлучуваше за промени и обнова. Најважно е дека народот во огромно мнозинство се определи и следува огромна победа.Морам да забележам и на нерегуларностите кои се од очај на СДСМ кои се свесни дека катастрофално губат. Се служеа со поткуп и манипулација. Но, тоа не им помина и народот ги казни. Имаше околку 20 случаи на поткуп. Сите овие нерегуларности се процесираат.
Победуваме во Македонија, победуваме речиси насекаде. Од досега обработени 20 проценти од гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ има предност од околу 10.000 гласови. Обновата доаѓа, исправи се Македонија. Предноста од досега обработените гласови се движи околу 7-8 пратеника, рече Јанушев.