682
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев предмалку на прес конференција обвини дека власта се обидува да ги поткупи пратениците и дека на неколку пратеници им биле понудени пари за да гласаат за уставните измени.
-На еден пратеник му се понудени два милиони евра, на друг милион евра. На трет му се понудени 250.000 евра. Дали сте свесен госпдине Заев во каков амбис ја носите Македонија? Ова е невиден преседан. Се ова ќе ви се врати како бумеранг, ова не е европска Македонија, ова е диктатура на неколку луѓе врз мнозинството. Дозволете да им честитам на пратениците кои не подлегнаа на уцените. Господине Заев вашата злоба не е поголема од нашата љубов кон Македонија, рече Јанушев.